Живот 26. септември 2018. / 11:26

(Видео) Совршено ниво на заштита, видете ги перформансите на “Sверот” со кој Трамп пристигна во ОН

(Видео) Совршено ниво на заштита, видете ги перформансите на “Sверот” со кој Трамп пристигна во ОН

Американскиот претседател кон вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше во ,,ѕверот” – неговата најнова лимузина која чини 1,5 милиони долари и во која има ладилник полн со крв од неговата крвна група.

Вчера Тајната служба пристигна во Њујорк со најновата во долгата серија специјално дизајнирани претседателски лимузини. Како и неговиот претходник, кој стапи во употреба за време на инаугурацијата на Барак Обама во 2009 година, новиот автомобил го носи прекарот “Ѕверот” (The beast).

Наменета да изгледа како продолжена верзија на Cadillac XT6 седан, оваа лимузина е само една од десетината кои го сочинуваат договорот кој првично беше проценет на 15,8 милиони долари и беше дизајниран да му помогне на Трамп да преживее речиси секоја можна форма на терористички напад или атентат. И ако претседателот е повреден, ѕверот има широк спектар медицински додатоци, вклучувајќи ладилник полн со крв од крвната група на претседателот.

Најновата верзија на ѕверот, која беше нарачана од Тајната служба во 2014 година, се верува дека комбинира различни технологии. За новата верзија се смета дека користи мешавина на челична, алуминиумска и керамичка заштита , од кои секоја се фокусира на различен вид на закана. Тајната служба одбива да обезбеди конкретни детали, но новата лимузина има заштита од најмалку осум сантиметри, и повеќеслојни прозорци кои ги прават вратите толку тешки како оние на авионот боинг 757.

 

Кадилакот на Трамп е опремен со бројни заштитни системи, а се проценува дека тежи 7-9 тони. Се шпекулира дека автомобилот поседува систем против пожар, ноќна камера, лансер за солзавец, запечатена вентилација во кабината и посебен систем за одбрана од ракетен напад.