Живот 26. декември 2018. / 11:25

(ВИДЕО) Битолски советник распали за Програмата за животна средина: Луѓе умираат по улица – нас ни требаат итни мерки

(ВИДЕО) Битолски советник распали за Програмата за животна средина: Луѓе умираат по улица – нас ни требаат итни мерки

На вчерашната седница на советот на општина Битола, независниот советник Иван Чулакоски од Поинаку остро реагира за Програмата за животна средина.

– Оваа програма покажете му ја на некој родител со дете со малигна миоплазма, да видите тој што ќе ви каже! Ова не е програма, ова се четири ливчиња кои ќе останат во некоја фиока. Нас ни требаат итни мерки, одма, не за 2-3 години, луѓе умираат вие се смеете – рече тој од говорница.