Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември, а на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб.
Имено, кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст.
Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан. Кога подоцна верните го отворија Јовановиот гроб, не го најдоа телото во гробот.
На 8 мај секоја година се креваше некоја прашина од неговиот гроб од која се исцелуваа болни од разни болести.
Со тој прац народот лечел болни, па затоа се верува дека ако му се молите на овој светец ќе бидете исцелени душевно и телесно.