Живот 05. април 2018. / 10:47

Велигден е на прагот – еве колку време може да се јадат вапцаните јајца

Велигден е на прагот – еве колку време може да се јадат вапцаните јајца

Секоја домаќинка за Велигден вапца повеќе јајца, па најчесто дел од нив се фрлаат. Треба да бидеме внимателни од каде купуваме јајца, како и колку дена ги чуваме и јадеме.

Тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите, бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата можат да влезат бактерии.

По варењето се ставаат во ладилник и стојат најмногу една недела.