Денеска попладне облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има поројни врнежи од дожд и грмежи, а можна е и појава на град, особено во северните делови.
Позначителна промена на времето ќе има од денеска попладне и преку ноќта, кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.
Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќта, како и во понеделник, особено во источните делови.
Во вторник се уште на места ќе има врнежи од дожд и ќе продолжи да дува засилен северен ветер.
Во понеделник и вторник дневната температура ќе се намали за околу десет степени, особено во северните делови.