Живот 29. декември 2018. / 12:44

Вагоните поминувале врз него: Дамјан проговори за потресната случка која му го променила животот

Вагоните поминувале врз него: Дамјан проговори за потресната случка која му го променила животот

Дамјан Лиска од Хрватска, по неколку години, проговори за ужасот кој го доживеал додека се враќал дома со своите соученици од гиманзија.

– Беше летен топол ден, а јас тргнав дома со пријателите од гимназијата. Само што стигнавме до пругата почувствував силен удар. Возот тргна, а некој ја оставил вратата отворена, паднав и ме покоси – кажа тој за Јутарњи лист.

– Се случи во 2013. ме прегази воз, уште ја чувствувам таа болка. Беше ужасно, се онесвестив. Бев свесен додека 14 вагони поминуваа врз мене. Се присетувам дека Брзата помош веднаш дојде и само велеа ампутација во возилото – вели Дамјан.

Пршлените му ги местеле еден по еден, борбата била тешка, дури не верувале дека Дамјан ќе застане на нозе.

Сепак, едната нога му ја ампутирале, а борбата му почнала дури откако излегол од болница.

Потоа имал 20 операции.

Денес е среќен човек со сопруга и дете.