Живот 01. мај 2018. / 17:54

Уживајте во сонцето – од четврток пороен дожд

Уживајте во сонцето – од четврток пороен дожд

Во наредните два дена времето ќе биде стабилно и топло, само во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд. Утре ќе дува умерен, а во четврток и засилен југоисточен ветер. Од четврток следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и во сабота, особено во западните делови од државата.