Живот 03. април 2018. / 09:31

Уживајте во сонцето – еве какво време не очекува наредните денови

Уживајте во сонцето – еве какво време не очекува наредните денови

Времето денеска сончево и топло. Минималните температури ќе бидат од -2 до пет, а максималните 16 до 22 степени.

До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст. Во четврток се уште ќе биде топло, но ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд.

Нов влажен бран ќе има од ноќта кон петок и ќе биде проследен со повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер.

Особено на југот ќе има и услови за појава на нестабилност и грмежи.