Снимката од новороденото бебе пронајдено на депнија, прекриено со куп ѓубре го прошета светот со неверојатна брзина со коментари дека е вистинско чудо што преживеало.
Видеото го направија мажи кои го пронајдоа бебето на депонија, а освен информацијата дека станува збор за западна Африка, не е објавено ништо друго врзано за овој страшен случај.
Исто така не е јасно како мажите знаеле дека бебе се наоѓа во купот ѓубре. Кога сфатиле што пронашле, биле во потполн шок, сфаќајќи дека детето мрдало, но не плачело.
Детето било замотано во црна платична кеса, а спасителите рекле дека е вистинско чудо што преживеало.
Набрзо на детето му е укажана медицинска помош.
За жал, бебињата фрлени во ѓубре не се ретка појава, но за среќа ова дете е меѓу ретките кои преживеале.