Денеска ќе имаме облачно време, со локални врнежи и со засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од три до 11 Целзиусови степени.
Променливо и студено времето ќе биде и во Скопје со дневна температура до осум степени.
Прогнозата за наредните денови е дека времето ќе биде стабилно и суво.
Од сабота се очекуваат обилни врнежи од дожд и снег на планините.