Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер.
Повторно ветерот ќе се засилува долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од 8 до 19 а максималната од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Температурата од 15 до 29 степени целзиусови.
Во наредните денови следува период на претежно стабилно, суво и релативно топло време, но локално не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има тенденција на благ пораст.