Сончево и релативно топло, во западните делови со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб ветер од источен правец. Температурите ќе се движат од 2 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со утринска температура 7 и дневна до 25 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Извесно зголемување на облачноста ќе има од четврток.