Живот 06. октомври 2018. / 16:50

Утре дожд – од вторник промена на времето

Утре дожд – од вторник промена на времето

Во недела и во понеделник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд, на места пороен, особено во западните делови од земјава.

Потоа во наредните денови ќе продолжи периодот на умерено облачно и стабилно време со температури околу, а на некои места и над просекот за овој период од годината.