Живот 25. август 2018. / 09:15

Уште денеска уживајте во сонцето – од утре драстична промена

Уште денеска уживајте во сонцето – од утре драстична промена

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено на западот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 26 до 36 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер и дневна температура до 34 степени.

Позначителна промена на времето ќе има од недела попладне, преку ноќта и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.

Во вторник ќе дува засилен северозападен ветер. Во понеделник и вторник дневната температура ќе опадне за шест до осум степени, а оваа промена особено ќе се почувствува на северот и на повисоките места.