Австралискиот научник Дејвид Гудал, на 104 години, стави крај на својот живот, со медицинска помош во Швајцарија.
Тој вчера, во добро расположение пред новинарите испеа неколку тактови од “Ода на радоста” од Бетоновата деветта симфонија. Гудал, кој е роден на 4 април 1914 година, изјави дека асистираното самоубиство требало да биде подостапно.
-Не сакам повеќе да живеам и среќен сум што имам можност да ставам крај на мојот живот, рече Гудал.
Во Швајцарија, асистираното самоубиство е легално и достапно, а борците за правата на смртта ја поддржуваат постапката на Гудал.