Живот 26. јуни 2018. / 22:36

УХМР: Од петок не очекува драстична промена на времето

УХМР: Од петок не очекува драстична промена на времето

До четврток времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. Најобилни врнежите ќе бидат во јужните и југоисточните делови, каде од целиот бран на повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а локално и над 75 л/2 дожд.

Од петок се најавува посончево време со значителен пораст на дневната температура.