Живот 19. септември 2018. / 17:56

Убави вести: Кралското семејство најави уште една венчавка (ФОТО)

Убави вести: Кралското семејство најави уште една венчавка (ФОТО)

Уште една венчавка во британското кралско семејство.

Во соопштение од Бакингемската палата се потврудува дека лејди Габриела Виндзор и Томас Кингстон се верија.

„Принцот и принцезата Мајкл од Кент со задоволство ја соопштуваат веридбата на нивната ќерка лејди Габриела Виндзор и Томас Кингстон. Веридбата се одржа во август, кога господин Кингстон ја запроси идната невеста на островот Сарк“, стои во кралското соопштение, пренесува магазинот „Пипл“.