Живот 03. април 2018. / 11:48

Трогателна приказна на еден таксист: По 24 години потрага ја нашол ќерка си

Трогателна приказна на еден таксист: По 24 години потрага ја нашол ќерка си

Семејство по 24 години потрага ја пронашло својата ќерка.

Таткото на девојката, Ванг Мингипи, неуморно бил во потрага по својата ќерка. Тој дури станал такси возач, со надеж дека еден ден неговата ќерка ќе биде негов патник.

Неговата ќерка воспоставила контакт со него откако видела онлајн пост за него. Семејството се обедини оваа недела.

Ќерката на Ванг исчезнала кога имала само три години, пишуваат кинеските медиуми. Сопружниците се занимавале со продажба на овошје, а нивната ќерка исчезнала додека ги послужувале клиентите.