Живот 08. август 2018. / 22:01

Куфер со вибратори го затвори аеродромот во Берлин

Куфер со вибратори го затвори аеродромот во Берлин

Торба полна со сексуални играчки го затвори аеродромот во Берлин. Надлежните мислејќи дека вибраторот е бомба, делумно го затвориле аеродромот, а напомош била повикана и специјалната единица за експлозивни направи. Сепак проверките покажале не станува збор за ништо друго, туку за најразлични сексуални помагала.

Како што јавуваат агенциите, аеродромот Шенефелд во Берлин бил делумно затворен денеска. Вработените на аеродромот, спроведувајќи ги рутинските скенирања на багажот на патниците, забележале сомнителна содржина во еден куфер, соопшти федералната полиција. Бидејќи од првичното скенирање не било јасно за што станува збор, бил вклучен алармот и бил затворен еден дел од аеродромот, додека полицијата го испитувала багажот.

Сопственикот на куферот бил повикан преку озвочувањето за да се разреши мистеријата.Сепак, тој одбил конкретно да објасни што има во куферот, најверојатно поради срам да каже што носи со себе.Спроед портпаролот на федералната полиција, сопственикот рекол дека во куферот носи „техничка роба“.

Аеродромските служби повикале тим за бомби, кои еден час го разгледувале багажот, пред да сфатат дека станува збор за секс играчки. на пладне терминалот Д повторно бил пуштен за патниците.

Овој инцидент следува по евакуирањето на аеродромот во Франкфурт, најфреквентниот аеродром во Германија, откако семејство кое што наводно носело екслозив, било пуштено да ја напушти безбедносната зона.