Пред четири денови Стефани Рис, поранешната професионална американска тенисерка, добила страшен повик.
Нејзините две деца, Харисон (15) и Шелби (13) не се појавиле во училиште.
Откако не ги добила на телефон ниту нив, ниту поранешниот сопруг Мајл Хун, се упатила до куќата на Хун, но вратата била заклучена и никој.
Тенесерката, која се натпреварувала некогаш на Вимблдон и на УС Опен, имала чувство дека нешто се случило, па повикала полиција.
Полицијата влегла во куќата и ги пронашла децата во кревет со прострелни рани, како и телото на поранешниот сопруг, кој се убил со огнено оружје. Според полицијата Хун ги убил децата додека спиеле, а потоа се самоубил.
Засега не е јасно кога се случило страшното крвопролевање, со оглед на тоа дека никој од комшиите не слушнале пукање.