Живот 26. септември 2018. / 16:48

Температури под нулата – еве какво ќе биде времето во наредните денови

Температури под нулата – еве какво ќе биде времето во наредните денови

До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре и задутре најниската утринска ќе се спушти еден степен под нулата, а највисоката дневна ќе биде 24 (четврток) и 26 (петок).

Од недела, информира УХМР, ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд.