Живот 24. јули 2018. / 10:37

Температури несвојствени за ова време – метеоролозите со важно предупредување

Температури несвојствени за ова време – метеоролозите со важно предупредување

Од денеска, па во текот на следните денови влегуваме во постуден период и пониски температури за овој летен дел од годината, соопштуа метеорологот Славчо Попоски.

Сепак до крајот на денешниот ден ќе имаме нешто посмирена атмосфера за разлика од вчера.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а особено попладне и рано навечер ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со нешто поретки грмежи.

На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Да напоменеме дека температурите на воздухот од денес ќе бидат пониски од нормалните дури за околу 10 степени што е премногу.

Од утре (среда) па натаму во текот на следните денови повторно растат условите за поголема нестабилност и услови за локално невреме.