Живот 17. април 2018. / 16:57

Температурен шок: Утре невреме – викендот над 30 степени

Температурен шок: Утре невреме – викендот над 30 степени

Од утре до петок ќе имаме речи си идентично време. Повремено ќе пропрскува дожд, а утре и задутре ќе има услови и за електрични празнења и поизразени процеси во форма на невреме.

Температурата се до крајот на неделата ќе се движи меѓу 21 и 23 степени во Скопје и до 25 низ републиката.

По преодниот период во сабота, од недела повторно имаме високи температури.

Во Скопје се очекува да надминат 26 степени а во некои места во републиката ќе бидат регистрирани и над 30 степени, што е за 7 до 8 степени над повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Топлото време ќе се задржи се до среда а потоа ќе има опаѓање на температурите.

Долгорочните прогнози најавуваат дека за 1 мај ќе останеме во рамките на она што веќе се нарекува традиција кога станува збор за временските услови.

Повторно се најавува облачно време со услови за дожд и температури кои нема да поминат 20 степени.