Сончево и топло време ќе биде и во следните денови, а за време на викендот во попладневните часови се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.
Позначителна промена се најавува за во понеделник кога во поголем дел од државата ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура за десеттина степени.