Живот 29. мај 2018. / 16:32

Тажна исповед на позната пејачка: На 30 години влезе во менопауза

Тажна исповед на позната пејачка: На 30 години влезе во менопауза

Британската поп ѕвезда Мишел Хилтон од 2012 година има сериозни здравствени проблеми, а поради две операции, мастектомија и хистеректомија, влегла во рана менопауза.

Пејачката и мајка на две деца, пред шест години, отишла на превентивен преглед каде докторот и дијагностицирал мутација на БРЦА2 генот, што и дава 80% шанси за развој на рак на дојките и 30% шанси за заболување од рак на јајниците.

-Докторите ми рекоа дека отстранувањето на дојките е единствен начин да се спречи ризикот од рак. Како што ми објаснаа, со редовни мамографски прегледи може да се фатат малигните промени во рана фаза, но тоа не е адекватна превенција во мојот случај, кога постои генетска склоност кон заболување, кажа Мишел за британските медиуми.

Иако била совршено здрава, Мишел морала да направи двострука мастектомија и хистеректомија, а поради овие две операции влегла во рана менопауза.

-Верував во позитивен исход од тестирањето, па морав млада и потполно здрава да го направам тоа. Никогаш не сум пушела цигари, здраво се хранам, моите родители не ги имаа овие проблеми, па мислев дека нема причина да се грижам. Кога ми соопштија дека во себе носам темпирана бомба, сопругот и јас бевме вознемирени и почнавме да плачеме. Она што најмногу ме прави тажна е што ќерка ми има 50% шанси да го наследи овој ген, па мора да се тестира кога ќе наполни 18 години, вели пејачката.

Мишел сега секојдневно се соочува со последиците од операциите. Расположението брзо и се менува, но е добро што останала жива.