Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла.
Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до осум степени.
Во среда ќе дува засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а за време на викендот се очекува нов влажен бран.