Живот 08. јуни 2018. / 18:40

Сопругата во шок: „Секси робијашот” и неговата девојка добија син (ФОТО)

Сопругата во шок: „Секси робијашот” и неговата девојка добија син (ФОТО)

Џереми Микс, кој меѓу жените ширум светот е познат како „секси робијаш”, и неговата девојка Клои Грин, богаташка, добија син, а радосната вест ја споделија на Инстаграм.

Клои Грин (27) се породи крајот на претходниот месец и на свет донесе машко дете, а радосната вест е споделена вчера.

Тие објавиле фотографија од бебето на Инстаграм.

-Задоволство ни е да го објавиме раѓањето на нашето преслатко момче Џејдан Микс Грин, напиша Клои во постот.

Таа додаде дека двајцата се чувствуваат добро.

Клои Грин, е ќерка на милијардерот Филип Грин и наследничка на  „Топ шоп” империјата.

Џереми Микс, поранешниот робијаш, откако е пуштен на слобода, почнал да се занимава со манекенство и стана еден од најплатените модели на светот. Тој сеуште е во брак со Мелиса, со која има син, а најверојатно овој месец ќе се разведат.

За оваа вест неговата сопруга изјавила дека е во шок.