Живот 12. ноември 2018. / 08:41

Сончево време со утринска магла, од среда пад на температурите

Сончево време со утринска магла, од среда пад на температурите

Времето во Македонија денеска е сончево со мала облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб претежно источен ветер.

До крајот на следната недела ќе се задржи стабилно и суво време со студени утра, а до вторник наутро ќе има услови за магла по одделни котлини. Од среда ќе почне да дува северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови опаѓање на дневната температура.