Живот 29. април 2018. / 09:22

Сончево и топло време денеска низ целата држава

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Дневната температура ќе се движи од 20 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе се искачи до 28 степени.