Живот 29. мај 2018. / 10:34

Со тупаници ја удирал по главата: Девојка во САД брутално уапсена на плажа (ВИДЕО)

Со тупаници ја удирал по главата: Девојка во САД брутално уапсена на плажа (ВИДЕО)

Емили Веинман (20), како и многу други Американци, уживала за викендот пред Меморијалниог ден, на плажа со своето момче и детето. Додека уживала на плажата, таа била насилно уапсена.

Веинман е уапсена поради напад на полицаец, плукање по полицајци, рушење на јавниот ред и мир и поседување на алкохол, иако е помлада од 21 година.

Полицаецот на плажата и побарал на девојката идентификација, бидејќи поседувала пиво, а таа одбила да му даде.

-Ми рече дека ќе ме уапси и тргна кон мене да ми стави лисици. Јас се тргнав од него и го повикав таткото на моето дете кој бил во океанот, напиша девојката на социјалните мрежи.

Тогаш полицаецот ја повлекол и и ја забил главата во песокот. Во тој момент почнала да се бори, но не успеала.

Погледнете го вознемирувачкото видео: