Како што и претходно најавивме уште во недела во вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник ќе има локални врнежи и тоа претежно од снег додека на некои пониски места има и услови за дожд и снег.
Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет, исто така утре и потоа повторно на почетокот од следната недела ќе дува засилен ветер од северен правец на повеќе места.
За време на новогодишната ноќ ќе има локални слаби врнежи од снег, одсега гледано локални врнежи од снег ќе има и на првиот ден од новата 2019 година додека температурите од ден на ден се повеќе ќе опаѓаат и на првиот ден од новата 2019 година максималните дневни температури на воздхот ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени во југоисточните предели.
Врнежите кој ќе ги има со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет ќе ја зголемат снежната покривка на повисоките места и на планините додека услови за тенка снежна покривка има поникаде и на пониските места низ државава.
За време пак на новогодишната ноќ температурите ќе се движат во интервалот -5 до 2 степени додека на повисоките и планинските места ќе бидат и пониски.
Подготви: Славчо Попоски