Живот 22. април 2018. / 14:09

Смртта на Драгана и понатаму е мистерија: На полицијата не и е јасно како се нашла на улица

Смртта на Драгана и понатаму е мистерија: На полицијата не и е јасно како се нашла на улица

По мистериозното исчезнување на Адеа Шабани од Скопје, која по месеци беше пронајдена мртва во гроб, откако нејзиното момче се самоуби пред полицијата, сега полицијата го испитува исчезнувањето на Србинката Драгана.

Полицијата се обидува да дознае каде се движела кога исчезнала на 11. април, по што била прнајдена на улица, без свест, па пренесена во болница каде за два час апочинала, иако никој не знае од што.

Полицијата добила повик за исчезнувањето во 6 часот и 50 минути, кога нејзината цимерка пријавила дека таа не се вратила дома. Потоа друг човек се јвил во полиција и пријавил дека има девојка пред неговата куќа, падната на улица.

Обдукцијата покажа дека таа починала од консумирање некој вид опијати, за чие потекло не се знае.

Таа дошла од Мајами на местото каде била пронајдена мртва, а имала и проблематично момче кое и е познато на полицијата.

Полицијата ги замолува сите граѓани кои имаат информација каде се движела тој ден, ако некој ја видел ,да се јави во полиција.