Живот 04. април 2018. / 12:20

Словенија бара 5000 работници – еве каде да се пријавите

Словенија бара 5000 работници – еве каде да се пријавите

Словенечките туристички работници очекуваат и оваа година продолжување на растот од туризмот, но се борат со недостаток на вработени. Ним им недостасуваат 5.000 луѓе, кои имаат намера да ги добијат од блиското опкружување.

Вработување на странски готвачи, келнери и слични занимања во словенечкиот туризам ќе биде потребно и за наредните години, бидејќи домашниот кадар е преоптоварен, а нивниот синдикат веќе со години се жали на ниските плати и високите даноци за прекувремено работење.

Пријавите за работа треба да се достават директно до локалите кои нудат работни места.

По четири години континуиран туристички раст, Словенија лани имаше 4,7 милиони туристички доаѓања и 11,9 милиони ноќевања. Се очекува и оваа година државата да забележи раст на бројот на ноќевањата и приходите, но проблемот со дефицит на кадар хронично е присутен.