Живот 23. октомври 2018. / 14:09

Славчо Попоски, силен северен ветер со удари до 80 км/час, нов студен бран се движи кон Македонија

Славчо Попоски, силен северен ветер со удари до 80 км/час, нов студен бран се движи кон Македонија

До крајот на денов облачноста на повеќе места ќе се намали а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Потоа во текот на утрешниот ден ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, меѓутоа поради продор на уште постуден воздух од север ќе започне да дува засиле, повремено СИЛЕН ветер од северен правец кој локално ќе достигнува брзина до околу 80 км/час.

Во текот на утрешната ноќ кон четврток ќе има локални послаби врнежи од дожд додека на планините особено на северот и северозападот од државава ќе има услови за провејување на снег.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, меѓутоа утре навечер значително ќе опаднат и во четврток наутро ќе се спуштат во интервалот од -4 до 6 степени додека максималните дневни поради продорот на студен воздух ќе се искачуваат во интервалот само од 8 до 17 степени.

Позначително затоплување на времето и промена на правецот на ветерот од северен во јужен и во југозападен ќе имаме од петок.

Подготви: Славчо Попоски