Дорија Регланд била единствен член од семејството на Меган Маркл, која присуствувала на нејзината венчавка со британскиот принц Хари. Таа за време на церемонијата била постојано сама.
Камерите го забележале изразот на лицето на мајката на Меган, кога ја преплавиле емоции, за време на брачниот завет на младенците.
Мајката на Меган седела сама, бидејќи нејзиниот поранешен сопруг, за тоа време се наоѓал во болница поради срцев удар.
Инаку Дорија, која е социјален работник и инструктор по јога, се разведе од таткото на Меган во 1987 година.