Живот

Силвија сеуште беснее: Ниски температури, дожд и ветер

Силвија сеуште беснее: Ниски температури, дожд и ветер

До крајот на денешниот ден (четврток) под влијание на моќниот циклон Силвија, времето останува облачно, невообичаено свежо за овој летен период од годината и ветровито со повремени врнежи од дожд кој локално и повремено ќе бидат поинтензивни, а ќе дува и умерен ветер од северозападен правец, пишува Метеомакс.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 22 степени.

Напомена: Поради ветерот од северозападен правец кој што ќе го имаме температурите на воздухот ќе ќе чувствуваат како да се пониски од реално измерените.

Од утре (петок) па за време на викеднот ќе има и сончеви периоди но и натаму ќе има услови за локална нестабилност особено во попладневните часови додека температурите иако ќе бидат во пораст сепак истите нема да достигнат многу високи вредности што значи на видик нема Африкански бран.