Живот 21. јуни 2018. / 14:15

Силвија носи нов влажен бран, температурите паѓаат за 10 степени – невреме пред нас

Силвија носи нов влажен бран, температурите паѓаат за 10 степени – невреме пред нас

Од утре доцна попладне и навечер ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец со што од север ќе започне да се спушта значително постуден воздух, вели метеорологот Славчо Попоски.

Попладнето и вечерта ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Преку ден температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени додека навечер и во текот на ноќта кон сабота ќе бележат тенденција на драстичен пад (за повеќе од 10 степени).

Значителното посвежото време ќе трае и за време на викендот а температурите на воздухот ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината а исто така ќе има и локални врнежи од дожд особено во сабота.