Живот 16. август 2018. / 19:17

Силно невреме го погоди Скопје

Силно невреме го погоди Скопје

Времето во Македонија попладнево е променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено во јужните и западните делови.

Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат и во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облчаност. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.