Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доби покана од поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да му биде почесен гостин на свадбата која, по венчавката со Корејката Сојеон Ким, ја приредува на 5 октомври во Берлин.
Шредер, инаку, на 2 мај се ожени со својата долгогодишна пријателка Сојеон Ким во Сеул. За Шредер ова е петти брак, а втор за неговата 25 години помлада сопруга, која е преведувач.