Живот 21. август 2018. / 11:38

Се очекува пороен дожд поладнево во западна и северна Македонија

Се очекува пороен дожд поладнево во западна и северна Македонија

Температура до 37 степени и локална појава на краткотраен пороен дожд се очекува поладнево во западните и северните делови во државава.

Синоптичарите за следните денови прогнозираат дека ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а во сабота услови за нестабилност ќе има на повеќе места. Позначителна промена на времето се очекува од недела кон крајот на денот и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер.