Живот 19. ноември 2018. / 21:50

Се менува дел од молитвата „Оче наш“ – еве ја новата верзија

Се менува дел од молитвата „Оче наш“ – еве ја новата верзија

Од минатата недела на италијанската бискупска конференција и официјално се менува дел од молитвата „Оче наш“.

Наместо делот од молитвата „не доведувај нè во искушение”, во новата верзија ќе се изговара „не нè напуштај во искушението“.

Оваа верзија е веќе внесена во дел од молитвениците на официјален Ватикан, но сега е одобрена и за користење на мисите во римокатоличката црква.