Живот 11. јуни 2018. / 14:10

Самка Ибраимоски обезбеди 2000 одела за Ромите за Рамазан Бајрам

Самка Ибраимоски обезбеди 2000 одела за Ромите за Рамазан Бајрам

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимоски обезбеди 2.000 одела за граѓаните од ромска националност, по повод празникот Рамазан Бајрам.

„Лидерот Самка Ибраимоски, преку своите пријатели и неговиот придонес, обезбеди 2.000 одела за Ромите во Македонија, и тоа за Шуто Оризари 500 комплети, за Кичево, Прилеп, Кочани и за Битола по 200, за Тетово и за Гостивар по 100, за Куманово и за Виница 150 одела, и за помалите општини вкупно 200 одела“, соопшти ПЦЕР.

Оттаму нагласуваат дека со овој гест сакаат да ги израдуваат сиромашните граѓани, барем да бидат облечени достоинствено за големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.