Живот 10. мај 2018. / 14:48

Ротари клубот од Кавадарци со донација за најмладите од градинка

Ротари клубот од Кавадарци со донација за најмладите од градинка

Ротари клубот од Кавадарци денеска донираше дидактички материјали и спортски реквизити за најмладите од детската градинка „Рада Поцева“, во вредност од над 4.000 евра. Целта е да им се разубави престојот на децата во градинката, а истовремено да се поттикнат нивниот интелекуален развој и подобри моториката кај најмладите жители на Кавадарци.

На примопредавањето на опремата беа присутни неколкумина членови на Ротари клубот од Кавадарци. Децата се претставија со свои изведби, а во знак на благодарност на претседателката на Ротари клубот Зорица Ставрова и подарија слика изработена од нив. Директорката на градинката Цанка Добинова, пак, и врачи благодарница за донацијата.

Ставрова нагласи дека донирањето за децата на Кавадарци ќе продолжи и во наредниот период.