Живот 25. мај 2018. / 10:59

Роналдо конечно прозборе за инцидентот на јахтата од минатото лето

Роналдо конечно прозборе за инцидентот на јахтата од минатото лето

Кристијано Роналдо открива непријатна ситуација од неговата јахта минатото лето, кога сериозен број на полицајци му влегле на забавата која ја направил, и во тие моменти се чувствувал како криминалец.

Португалецот веќе долг период има проблеми со затајување на данокот, а веќе неколку пати се најде и пред судот во Мадрид, сега наводно требало да исплати 15 милиони евра за да се спаси од затворска казна.

Роналдо пред натпреварот со Ливерпул утревечер, ја раскажа приказната за непријатната ситуација минатото лето.

„Беше вознемирувачко тоа, полицијата влезе на мојата јахта со полна опрема, наоружани до крај и со камери на себе. Изгледаше како да сме убијци и криминалци. Животот секогаш не е фер“, истакна Роналдо.

Напаѓачот на Реал не е единствен кој имаше проблеми со затајување на данок во Шпанија, претходно тоа го имаа и Нејмар и Меси.

Извор: Спортклуб