Живот 24. август 2018. / 19:53

Роднина на Шумахер открива: Тој е свесен, но често плаче

Роднина на Шумахер открива: Тој е свесен, но често плаче

Речиси пет години поминаа од несреќата која ја доживеа еден од најдобрите возачи на Формула 1 Михаел Шумахер, кој заврши во кома, а од тогаш до денес нема никакви информации за неговата здравствена ситуација.

Медиумите на сите начини се обидуваат да дојдат до некоја информација за тоа како е Шумахер, но пристапот до него е забранет за сите, освен за докторите и членовите на семејството.

Францускиот магазин „Парис Меч“ објави разговор со неименуван член од семејството на Шумахер кој проговорил за неговата здравствена состојба.

Тој наводно потврдил дека легендарниот возач не може да оди и дека е во количка.

„Кога во количката ќе го доведат до прозорецот и кога ќе ја погледне прекрасната панорама која го опкружува, Михаел често плаче“, пишува парискиот магазин.

Сепак сите информации во врска со состојбата на Шумахер треба да се земат со резерва.