Живот 27. јуни 2018. / 21:53

Родители милионери, а таа продава лимонада: Сури Круз заработува вака

Родители милионери, а таа продава лимонада: Сури Круз заработува вака

Сури Круз, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, ја посетила Парадата на гордоста во Њујорк, која е одржана на 24 јуни, каде што продавала лимонада.

Оваа вест ги обиколи американските медиуми, кои пренесуваат дека ова 12 годишно девојче продавало лимонада за 2 долари по чаша, а во понудата имала и колачи од ориз во боја на виножитото. Штандот пак и бил украсен со симболите на парадата.