Живот 19. април 2018. / 13:10

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш може да добиете топол оброк – стои на вратата на ресторанот „Таен зачин“ на Драган Ѓуриќ, кој уште и порачува: „Никој не заслужува да биде гладен. Да ја вратиме вербата во човечноста”.

– Еден човек стоеше пред ресторанот, ја гледаше храната, пребаруваше по џебовите, јас му пријдов и го прашав – што би јадел? Тој ме гледаше збунето. Му велам – „не морате да платите“. И тогаш ми се роди идеја – да го обелодениме тоа, нека знаат луѓето, нека не им биде непријатно – раскажува Ѓуриќ.

Тој, заедно со неговиот татко, многу добро знае како е да се расте во сиромаштија. Во овој ресторан кој се наоѓа во Белград, пред четири години бесплатно се хранеа и луѓе од Обреновац, погодени од тогашните поплави и сместени во хотелот во близина, но и бегалците од Блискиот Исток.

– Не се срамат да пријдат, но кога ќе соберат сили да влезат и ќе ни побараат оброк, чувството е неверојатно, додава вработен во угостителскиот објект.

За десетка во индекс, студентите добиваат бесплатен ручек. Од месец мај се воведува и гратис оброк за трудници.

„Тајниот зачин“ е – љубов кон луѓето, а мотото е – „прави добро и на добро надевај се“.