Живот 20. август 2018. / 22:15

Прва стрип колонија во Македонија „Велес 2018“

Прва стрип колонија во Македонија „Велес 2018“

Од денес 21.08.2018) до сабота 25.08.2018 во Велес ќе се одржи првата стрип колонија во Македонија. Според организаторите, истата колонија е еволутивен напредок во организирањето на традиционалниот стрип салон,кој секоја година се организира во Велес. На овој начин се имаат решено заради можноста за подолготраен активен контакт и соработка помегу учесниците од разни земји.

На  првата стрип колонија учество ќе земат гости од Србија; Рашка, Лесковац и Белград,потоа Црна гора и се разбира автори од разни генерации од Македонија.

Нивна задача за време на престојот да нацртаат стрип , без оглед дали е претходно подготвен.Под будното око на специјалниот гостин Владимир Весовиќ од Белград тие ќе ги развваат своите способности.Стрип колонијата во Велес ќе се одвива во просториите на Средношколскиот дом „ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“ Нацртаните стрипови ќе бидат во конкуренција за првата награда на веќе објавениот интернационален стрип конкурс (рок 20 септември) а со тоа и објавување во ревиите „СТРИП КРЕАТОР“ И „АЛМАНАХ“ ,како и традиционалната стрип изложба,во средината на месец октомври во Велес.