Живот 07. април 2018. / 15:19

Промена на температурите – погледнете какво време не очекува од утре

Како што соопшти УХМР, од недела следува период на претежно стабилно и топло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Најсончево ќе биде во недела, а краткотрајно наоблачување со услови за појава на слаб локален дожд во западните делови ќе има во понеделник попладне.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала умерена локална облачност. Во западните делови облачноста краткотрајно ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од два до девет степени, а дневната од 18 до 24 степени.

Времето во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачост и со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната од 17 до 24 степени.