Поранешниот холивудски филмски продуцент Харви Вајнстајн се очекува денес да и се предаде на полицијата поради обвинувањата за сексуално вознемирување, објави Њујорк Тајмс.
Адвокатот на Вајнстин, Бенјамин Брафман, не сакаше да ги коментира овие наводи.
Повеќе од 70 жени го обвинија ко-основачот на студиото Мирамакс и компанијата Вајнстајн за сексуално вознемирување и силување.
Случајот Вајнстајн беше повод за покренување на двжењето #MeToo, па стотина жени јавно обвинија моќни бизнисмени, функционери и луѓе од шоу бизнисот за злоставување, пишува Ројтерс.